Насловна / Архитектура / Ин Ситу оваа година со интересна програма за архитектите

Ин Ситу оваа година со интересна програма за архитектите

Ин Ситу е меѓународен саем на уметност составен од развојни програмски содржини кои се меѓусебно поврзани и обединети преку нишката на автентичниот израз.
Темата на овогодинешното, шесто издание на Ин Ситу е „вкрстувања“. Вкрстувањето е точка на среќавање. Приватниот културен сектор претставен од страна на Ин Ситу и јавниот културен сектор претставен од страна Младинскиот културен центар, е фокусот оваа година.
ИнСиту ќе се одржи од 27. до 30 јуни во Младински Културен Центар во Скопје и ќе понуди особено интересна програма за архитектите. Најавени се повеќе еминентни домашни и странски гости.
На 27 јуни (четврток) во 21 часот е официјалнтоо отворање на саемот на Ин Ситу саемот на уметност на платото пред МКЦ.

Деталната програмата на Ин Ситу можете да ја погледнете ТУКА или на www.facebook.com/pg/insituartfairskopje/events/

ins1
28 јуни
Предавање: Гунар Хартман: Просторот како инструмент
19:00-20: 00часот, МКЦ, Кино Фросина
Предавање: Омар Акбар: Обновата на Баухаус
20:30-21:30 часот, МКЦ, Кино Фросина

29 јуни
Проекција: Бетонски спијачи: „Grad koji je bio premoderan“
18:30-19:15 часот, МКЦ, Кино Фросина
Бетонски спијачи: разговор со Мароје Мрдуљаш
19:30-20:30 часот, МКЦ, Кино Фросина

30 јуни
Промоција на модернистичка мапа на Скопје
11:00-13:00 часот, МКЦ
Предавање: Архитектурата на Скопје во МоМА
19:00-20:00 часот, МКЦ, Кино Фросина
Architectuul.com: Комуницирање архитектура
20:30-21:30 часот, МКЦ, Кино Фросина

Испрати коментар

Scroll To Top