Виенската компанија за снабдување со енергија Wien Energie приклучи иновативна постројка со моќност од 20MW, на градските мрежи за електрична енергија и топлификација, и со тoа овозможи ефикасно претворање во топлинска енергија на вишокот електрична енергија.
Постројката “Power-2-Heat” функционира на тој начин што електричната енергија која не е потребна, а се испорачува во мрежата (на пример енергијата од ветерот), ефикасно да се претвори во топлина за греење на градот. Електричната енергија се претвора во топлинска преку електродни котли со вода со капцитет од 6500 литри. Водата се загрева и преку изменувачи на топлина се предава на топлификационата мрежа. Ова е добра поддршка за топлификационата мрежа, бидејќи на овој начин может да се грејат околу 20.000 домаќинства.
Инвестицијата чинела 3,5 милиони евра.