Во февруари во Бристол е изградена најголемата ветерна турбина во Англија, висока 150 метри, со инсталиран капацитет од 4,2 MW. Турбината е во сопственост на група жители на блиското место Лоренс Вестон, сиромашна населба во предградието на Бристол. Дел од приходот кој ќе се оствари ќе биде искористен за помош на локалната заедница. Од компанијата Katrick Technologies објаснуваат дека иновативните технологии за ветерот можат да ја подобрат достапноста на енергетските шеми во градските средини. Последните години постои се поголем интерес за локалните енергетски шеми. Локалните заедници бараат начин да го намалат својот јаглероден отпечаток и да генерираат обновлива енергија. Но, пристапот до финансирање на такви локални проекти може да биде предизвик за локалните групи. Ова особено важи за сиромашните области, каде ресурсите се ограничени. За среќа, се појавуваат нови технологии кои може да помогнат во подобрување на пристапот до овие шеми.
Веќе споменатата ветерна турбина во Лоренс Вестон е одличен пример за општа енергетска шема, која не само што генерира обновлива енергија туку е од полза и за локалната заедница. Традиционалните ветерни турбини може да бидат многу скапи за инсталација и одржување. Тоа и прави недостапни за многу иницијативи на локално ниво. Но, се појавуваат нови технологии кои драматично можат да ја изменат оваа состојба. Една таква технологија е ветерната турбина со вертикална оска (VAVT). Овие турбини се проектирани да бидат покомпактни и поефикасни, што ги прави идеални за урбани подрачја. Исто така, имаат пониска почетна брзина на ветерот, што значи дека можат да генерираат енергија дури и во областите со помали бзини на ветерот.