Насловна / Архитектура / Иновативни „пешачки заедници“

Иновативни „пешачки заедници“

Emory (1)

Пешки до работа. Некои ова го сметаат како еднo од најдобрите решенија за зачувување на животната околина. Градејќи „пешачки заедници“ во близина на големи компании и фабрики, инвеститорите им даваат на луѓето опција за намалување на транспортните трошоци и заштедување на време, а воедно и отстранување на стотици автомобили од улиците. Кога овие резиденцијални блокови се градат брзо и евтино со дрво, еколошките и другите бенефити само се надополнуваат.

Emory (9)Инвеститорите на “Emory Point” оствариле значителни заштеди градејќи со дрво, а исто така тоа им овозможило да се справат и со брзото темпо на градба, што значело голем предизвик за овој проект. Објектот е разновиден урбан комплекс лоциран во историските Druid Hills во близината на Атланта, Џорџија (САД). Комплексот содржи станбени единици кои служат за домување на вработените во централата на Американскиот центар за контрола на болести, Емори здравство, Универзитетот Емори и многу други училишта кои се наоѓаат во непосредна близина. Според едно истражување направено во околината на комплексот, се дошло до сознание дека помалку од пет проценти од скоро 40.000 вработени во овие институции, живеат во радиус од пет километри. Овој податок бил основата на идејата за формирање на пешачките заедници, а воедно и за комплексот “Emory Point”.

Emory (3) Emory (8)Првичните проекти на комплексот почнале да се развиваат во 2006 година, но поради финансиски проблеми проектот бил замрзнат. По подобрувањето на економијата проектот бил обновен. Целосниот комплекс зафаќа површина од близу 30.000 метри квадратни, а првата фаза се состоела од три објекти со 443 луксузни апартмани и 7.500 метри квадратни со продавници и ресторани.

Целосниот комплекс е проектиран со вкупно девет објекти, три се коплетирани, а четири се во процес на проектирање. Од трите завршени објекти еден е петкатница, а останатите два се четирикатници и сите се изградени со дрвени конструкции во комбинација со армирано-бетонска основа. Сите три објекти се изградени со префабрикувани дрвни носачи, меѓукатни конструкции и кровни конструкции. Во преградните ѕидови се искористени ОСБ плочи и гипс-картонски плочи.

Emory (2)

Градбата на “Emory Point” започнала во месец јули 2011 година и првата фаза завршила есента 2012 година. Изведувачите планирале да го намалат првичниот план од 24 месеци за градба на 18 месеци што значително го зголемува темпото на работа. Обемот и временската рамка биле главните проблеми во изградбата на првата фаза, додека, пак, цената и брзината на изградбата биле одлучувачките фактори за избор на дрвото како конструктивен материјал за проектот. Темпото на подигнување на дрвната конструкција било еден кат за една недела. Конструкцијата на двете згради со по четири ката била подигната за осум недели. Брзото темпо на градба овозможило изведувачите да  ги исполнат нивните планови за изградбата и, секако, да ги намалат трошоците.

Emory (4) Emory (6)

ЦЕНА

Во проектната фаза на изградените објекти биле разгледувани и други градежни материјали како челик, бетон и други системи, но сепак дрвото било лесен избор. Цената на конструкцијата од дрво била пресметана на 150 долари за квадратен метар, додека армирано-бетонската конструкција била пресметана на 236 долари за квадратен метар, со што со изборот на дрвото како градежен материјал инвеститорот остварил заштеда од близу 35%.

Emory (7)

Гледајќи ја фасадата на “Emory Point”, објектот изгледа како и секоја друга градба, но тој во себе содржи повеќе работи кои го издвојуваат како посебен. Со брзата изградба што го овозможува дрвото, не само што се намалуваат трошоците за објектот, туку и договорите за закуп се склучуваат побрзо. Покрај економскиот бенефит од изборот на материјалот, неминовно е да се напомене дека има големи придобивки и за животната околина, што се потврдува со неколкуте сертификати кои ги доби овој проект за заштита на животната средина. Целосниот проект на “Emory Point” сè уште не е комплетиран. Во тек е втората фаза која се состои од четири станбени згради, а потоа остануваат уште две за да се заврши целиот проект со вкупно девет станбени објекти.

Испрати коментар

Scroll To Top