Бразилскиот дизајнерски дуо Хумберто и Фернандо Кампана, својата инспирација за еден фин исчекор во нивното дизајнирање, овој пат ја нашле во транспарентните површини, поточно во стаклото.
Кружните отвори на новите, дрвени орманчиња наречени Aquário, за шпанскиот бренд BD Barcelona Design, ги пополниле со стакло со впечатлива зелена боја, со цел да се создаде фасцинантен ефект на аквариум.
Ова парче иновативен мебел, чијашто конструкција е направена од висококвалитетно дрво од бор, доаѓа во две верзии, со споменатите зелени стаклени детали, но исто така и во сина боја.
„Она што нè разликува во дизајнирањето е своевидната хибридност на материјалите што ги користиме. Токму тоа станува наш заштитен знак. Сакавме малку и да си играме со масивноста на самото дрво и пропустливоста на светлината низ стаклото“, објаснуваат браќата Кампана, чијшто Aquário ќе биде претставен на овогодишната Недела на дизајн во Милано – Salone del Mobile.