Насловна / Вести / Иновативни начини за рециклирање на новогодишната елка

Иновативни начини за рециклирање на новогодишната елка

Повеќето луѓе кои за време на празниците избираат природни новогодишни елки со бусен, обично ги садат некаде во природа. Но, во зависност од тоа каде живеете, не секој ја има таа опција.

Ширум Западна Европа, веќе по 6. јануари, на улиците може да се видат купишта фрлени новогодишни елки. Доколку и вие немате каде да ја засадите вашата елка, сигурно постои подобар начин да ја искористите по празниците, наместо да ја фрлите. Некои европски градови воведоа нови иновативни начини за рециклирање на елката по празниците.

е6

Задоволство за животните

Новогодишните елки се вкусно уживање за домашните животни, но исто така можат да се искористат и во зоолошките градини. На пример, во зоолошките градини во Берлин и Прага, слоновите, горилите и бизоните уживаат додека душкаат и грицкаат остатоци од дрвја.

e1

Noah’s Ark Zoo Farm во Кливедон, Велика Британија, исто така, ги повика граѓаните да ги подарат своите новогодишни елки на нивните слонови, бенгалски тигри, мечки, лавови, елени и кокошки.

e2

Исто така, постојат градски фарми кои ќе го организираат транспортот на елките, во замена за донација. Најстарата фарма во Британија, Kentish Town City Farm, која се наоѓа во Лондон, ги користи сите дрвја што ќе ги собире за да ги нахрани козите. Освен што имаат добар вкус, елките се и природно сретство за отстранување глисти.

e3

Природен компост за зелени површини

Постојат организации кои можат да ги претворат новогодишните елки во компост. Дрвјата се сечат и потоа се користат како ѓубриво. На пример, во Париз низ градот има пунктови за одлагање на елките, кои потоа се собираат, сечат и се користат како ѓубриво за зелените површини.

„Порано новогодишните елки се палеа. Тоа е биоразградлив, природен материјал, така што нема причина да не го искористиме“, вели Николас Соул, градинар од Париз, пренесува Euronews Green.

e4

Новогодишни елки како заштита од поплави

Исечените дрвја може да се засадат или закопаат на плажите за да се зголеми бројот на песочни дини, а песочните дини помагаат да се заштити земјиштето од поплави.

Покрај тоа, тие складираат многу повеќе јаглерод од копнените шуми – од индустриската револуција, песочните дини складирале дури една третина од глобалните емисии на јаглерод. Кога елките се внимателно ќе се засадат, ветерот наннесува врз нив песок и на тој начин гради дина.

Британската организација Beach Guardian организира армија од волонтери да донесат фрлени новогодишни елки на плажата и да помогнат во изградбата на песочни дини.

Испрати коментар

Scroll To Top