Научниците од University of Missouri, развиле иновативно решение за отстранување на нанопластиката од водата. Станува збор за посебен растворувач, односно течност, направена од природни, нетоксични состојки, но клучот на дејството се наоѓа во фактот дека е хидрофобна, односно ја одбива водата. Со цел подобро да го објаснат процесот, научниците ја споредиле оваа течност со масло која не се меша со вода. Процесот функционира така што течноста прво се меша со водата, овозможувајќи контакт со наночестичките и нивно врзување. Кога овој слој ќе се подигне на површината, лесно може да се отстрани, оставајќи зад себе чиста вода.
СЕпак, целата постапка е тестирана само во лабораториски услови. Резултатите покажале дека на овој начин може да се остстраната дури 98% од наночестичките пластика од водата. Иако методата е сеуште во фаза на испитување, понатамошните истражувања може значајно да придонесат во намалување на овој вид загадување во реални услови.