Насловна / Архитектура / Иновативна фасада со тројно стакло за зголемена енергетска ефикасност на објектот

Иновативна фасада со тројно стакло за зголемена енергетска ефикасност на објектот

Fasada so trojno staklo Spanija

Италијанската компанија Giovanni Vaccarini Architetti го проектираше објектот на новото седиште на  компанијата Société Privée de Gérance (SPG), во историскиот дистрикт на Женева. Попрецизно, се работи за реконструкција и надградба на веќе постоечка зграда, при што клучен нов елемент е стаклената фасада (со тројно стакло) која ги задоволува сите барања во поглед на заштита од сончевото зрачење но и максимална транспарентност во исто време.

Fasada so trojno staklo1 Spanija

Фасадата, исто така, ја подoбрува акустиката и термичката изолација на зградата. Повеќеслојноста на фасадата овозможува оптимално надополнување на природната вентилација со механичкиот систем за вентилација, овозможувајќи значителни заштеди на енергија.

Fasada so trojno staklo2 Spanija

Челичната конструкција на фасадата е дело на Stahlbau Pichler. Модуларниот ритам и рефлексијата на стаклото и даваат посебен ефект на вака изведената фасада.

Fasada so trojno staklo3 Spanija Fasada so trojno staklo4 Spanija

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top