Специфичната ситуација во Копенхаген наложила архитектонското студио Dietmar Feichtinger Architects да дизајнира мост кој се состои од три одделни структури, поврзани меѓусебно над водната површина. Две од овие структури може да се отвораат, со што се формира облик на „пеперутка“. Ваквиот облик на мостот овозможува една поинаква перспектива во градот и истовремено претставува урбан елемeнт како дел од градскиот пејзаж.
Секој од трите моста е изработен од челик со централно поставен носач, дополнително зајакнати со хидраулични цилиндри. Главната структура на мостот се состои од Т-пречка која се протега по должината на целиот мост.