Ако веќе сте се сретналe со работата на дизајнерот Yuma Kano, веројатно сте ја забележале неговата склоност на своите производи да им вметне духовити или шармантни елементи. Исклучок не е ни производот кој е последен претставен.
On Bicycle Stand е држач за велосипеди направен од челик, а може да се постави било каде на едноставен начин. Но, овој држач од другите слични производи се издвојува со својот уникатен дизајн. Освен што служи за придржување на велосипед, овој држач е самиот во форма на мал црн велосипед.
Но, Yuma Каno одлучил идејата понатаму да ја разработи, па така држачите доаѓаат во две варијанти: едната е со заоблени рачки, додека другата има рамни.
Можете да го паркирате својот велосипед во зависност од тоа каков вид на рачки има, но тоа не претставува ограничување. Според зборовите на дизајнерот, тој сака светот да биде покреативен и сè повеќе да се истражуваат неоткриените секојдневни аспекти.