Со поглед кон блескавите светла на Оукленд и Голден Гејт во далечината, Skyline House гордо стои на една од највисоките точки на планинскиот венец Eastbay во Калифорнија.
Проектирана од архитектонското биро Terry & Terry Architecture, оваа современа резиденција од 250 квадратни метри е исто толку спектакуларна одвнатре, колку што може да се пофали со прекрасните пејзажи што се протегаат околу неа. Истовремено, комбинирајќи отворен концепт на декорација со иновативни решенија за дизајн, овој дом изгледа многу модерно, функционално и убаво.
Панорамскиот поглед кој се протега од дневната соба во најмала рака е воодушевувачки, додека закривениот дрвен плафон го привлекува вниманието на набљудувачот во ентериерот. Големиот простор кој ги обединува кујната, трпезаријата и дневната соба има излез на балкон преку застаклениот ѕид, при што многу дневна светлина добива шанса да ѕирне во овој дом. Опкружен со високи дрвја на секвоја и градина од сите страни, овој дом е вистинско место за одмор, живот и релаксација.
Комплетниот ентериер на овој дом е обвиткан со дрво, при што на многу места доаѓа до судир на остри агли и сензуални кривини. Единствената слика на плафонот го отвора просторот во голема мера. Кога светлата на плафонот се вклучени, се добива впечаток дека небото се вселило внатре, суптилно преминувајќи го прагот.
Долното ниво на овој дом содржи приватни простории, домашна канцеларија и простор за медиуми. Овој дом е вистинско ремек-дело на современата архитектура, исто толку фасцинантно како и погледот со кој може да се пофали.