Насловна / Вести / Иновација од Задар: Ветерна турбина која може да ја користи енергијата од орканската бура

Иновација од Задар: Ветерна турбина која може да ја користи енергијата од орканската бура

orkanska-bura-most-na-krk

Иновацијата на задарскиот професор по физика Ранко Артуковиќ, со која ветерните турбини би можеле да ја користат и енергијата од орканската бура за производство на електрична енергија, би можела да донесе револуција во оваа индустрија.

 

ranko-artukovicИмено, познато е дека постоечките електрани поради сигурносни причини запираат при одредена висока брзина на ветерот. „Штом брзината на ветерот е повисока од 90 km/h сложените системи од заштитни блокади реагираат со цел да се спречат непожелни вибрации, резонанса и рушење.

veternica-padnata

Замислете ја таа иронија, тогаш кога имате највеќе енергија на располагање, вие не можете да ја користите. Мене најмногу ме заинтересира како да се надмине оваа состојба, односно да се реши најголемиот недостаток на постоечките решенија“, објаснува Аруковиќ за HRT.

orkanska-bura

Цената на произведената електрична енергија од новата ветерна турбина е пет пати поевтина, тврди Артуковиќ. Не се сомнева дека сериозни инвеститори ќе бидат заинтересирани за неговиот модел.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top