Според стручњаците, загадениот воздух е причина за еден од девет смртни случаи на годишно ниво. Загадувањето е меѓу „масовните убијци“ на денешницата и годишно зема данок од 6,4 милиони животи. Толкав број луѓе не умира ниту од маларија, сида и туберкулоза заедно.
Петмина студенти од Србија, се здружиле против овој непријател на здравјето, и развиле уред под името AlgiOx. Тимот тврди дека се работи за паметен, одржлив систем за прочистување на воздухот во домашни и канцелариски услови. Корисникот само ќе треба да го вклучи на напојување на електрична енергија.
Суштината на овој концепт е биореактор од микроалги кои од воздухот ги отстрануваат штетните честички и гасови, истовремено генерирајќи кислород. Според нивните наводи, системот има подеднаква моќ за неутрализирање на загадувањето како пет дрвја.