Насловна / Ентериери / Иновација и висока технологија со префинета изработка

Иновација и висока технологија со префинета изработка

hermes osvetluvanje_5
Hermes за претставување на четвртото издание на својата Home колекција, Hermes en Lumiere, ја избра атмосферата во Palazzo Serbelloni во Милано.
Оваа палата датира од 18 век и била совршен амбиент за презентација на нивните нови колекции, кои за првпат досега го претставуваат и осветлувањето како суштински елемент.

hermes osvetluvanje_4

„Ова е мала колекција, но совршено го отсликува Hermes“, изјавила Helene Dubrule, директор на овој бренд, за време на презентацијата на колекцијата на миланскиот саем за мебел I Saloni. Оваа колекција е комбинација на иновација и висока технологија со префинета изработка. Дизајнерите што го направиле ова, навистина се поистоветиле со светот на брендот Hermes.

hermes osvetluvanje_3
Hermes претстави три LED колекции на осветлувања, и иако сите тие имаат многу различни форми, сите совршено го истакнуваат овој бренд, со своите рафинирани материјали и раскошно изработени структури.
За оваа колекција, што е направена во соработка со архитектот Michele de Lucchi, биле потребни три години. „Секое парче во колекцијата е врвен елемент на инженерингот и многу внимателно е проучуван. Дизајнот на ламбите е многу возбудлив. Се мешаат многу дизајнерски теми, од скулптура до мебел“, истакнал De Lucchi.

hermes osvetluvanje_2 hermes osvetluvanje_1

Испрати коментар

Scroll To Top