Скопје – Осум компании се пријавиле на Јавниот повик за доделување концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионална депонија за комунален цврст отпад во Полошкиот плански регион.
Според соопштението на Министерството за животна средина и просторно
планирање и општините, јавното отворање на пријавите е извршено денеска
во Центарот за развој на Полошкиот плански регион, во тетовското село
Џепчиште.
Јавниот повик е објавен врз основа на Одлуките на Владата,
Министерството за животна средина и просторно планирање и Советите на
општините Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Желино, Маврово и Ростуша,
Јегуновце, Теарце, и Тетово. (МИА)