Иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ го поздравува напорот на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за изградба на монтажен паркинг и поставување заштитни столпчиња на улиците за да го реши проблемот со блокираните тротоари и нерешениот паркинг-простор. Но, според нив, тоа е како ставање фластер
на отворена фрактура на потколеница.
Тие инсистираат да се изработат научни студии и стратегија за развој на маалото за кои ќе бидат консултирани и оваа општина да престане да издава дозволи за градба додека не се установи фактичката состојба.