Насловна / Вести / Иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ со платформа до партиите

Иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ со платформа до партиите

Неформалната иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ по мејл се обрати до раководствато на политичките партија и до нивните потенцијални кандидати за градоначалник и советници во Општина Центар, и упати платформа насловена како „Здравјето пред профитот“.

Платформата содржи редица барања со кои очекуваме да се остварат нашите права, а квалитетот на животот постојано да се подобрува согласно стандардите за урбаното живеење во 21 век.

На политичките партии им порачавме дека: „На овие локални избори ќе ги гласаме само оние кандидати кои ќе понудат програма за поквалитетен живот во Општина Центар врз база на нашата платформа и кои експлицитно ќе се обврзат дека ќе ја реализираат во предвидениот мандат”.vo-odbrana-na-debar-maalo

Барањата се однесуваат и до евентуалниот иден независен кандидат за Општина Центар Андреј Жерновски.

Идниот градоначалник на Центар според барањата треба да донесе мораториум за градба во Дебар Маало додека не се изготви нов ДУП според сите стандарди и без „случајни“ превиди. Тие бараат да се прекине праксата со секоја измена на ДУП да се зголемува катноста на објектите, односно максималната висина на објектите во Дебар Маало, да остане 19 метри. Итни мерки против загадувањето на воздухот, да се забранат градежни активности при високо ниво на загаденост, враќање на тротоарите на пешаците и ограничување на времето за дотур на стока во дуќаните.

„Во одбрана на Дебар Маало“ бараат и програма за инклузија на децата со посебни потреби во образованието, одговорно и транспаренто финансиско работење, намалување на бучавата на кафулињата и зголемен ангажман и контроли на сообраќајната полиција.

„Општинските власти со години не ги спроведуваат или само делумно се спроведуваат, а честопати ги изигруваат или забораваат изборните ветувања. На овие локални избори ќе ги гласаме само оние кандидати кои ќе понудат програма за подобар живот во Дебар Маало врз основа на нашата платформа и кои експлицитно ќе се обврзат дека ќе ја реализираат во предвидениот мандат“, велат од Граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“.

Пред две недели жителите на Дебар Маало протестираа откако жена беше прегазена од комбе за достава на пиво во близина на Основното училиште „Коле Неделковски“ и Министерството за култура .

 

Испрати коментар

Scroll To Top