На неодамна одржаниот состанок во Букурешт потпишан е меморандум со кој Иницијативата на земјите од средна и југоисточна Европа за гасно поврзување (CESEC), се проширува и во областа на електроенергетиката и енергетската ефикасност, а со крајна цел обезбедување на сигурност, одржливост и конкурентност на енергетската политика на Европската Унија. CESEC е основан уште во февруари 2015 година, кога е формирана работна група составена од претставници на Австрија, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Италија, Романија, Словачка, Словенија и ЕУ, а дополнително се приклучија и Албанија, БиХ, Македонија, Молдавија, Србија и Украина.
Во текот на работата, заклучено е дека проширувањето на CESEC надвор од подрачјето на природниот гас би било од голема корист за регионалниот енергетски систем, па договорено е проширување на електроенергетиката, обновливите извори и енергетската ефикасност.