Индустрискиот стил при ентериерното уредување станува сè популарен на пазарот, бидејќи овозможува одредени незавршени делови во самиот простор да претставуваат дел од декорацијата. На следниве фотографии е претставен апартман во Москва кој е модерен, комфорен и ги носи карактеристиките на апартман уреден во индустриски стил.
Употребата на бетонот како декоративен елемент, потоа челикот и недообработеното дрво се дел од својствата што го прават овој апартман совршено место за живеење. Употребата на жолтата боја е една од карактеристиките преку кои тој се издвојува од останатите ентериери во истоимениот стил. Дневниот простор има двојна висина, додека седењето во него е решено преку модуларен тип на гарнитура која се трансформира и адаптира во зависност од користењето.