Насловна / Вести / И индустријата за чоколади виновна за уништувањето на шумите

И индустријата за чоколади виновна за уништувањето на шумите

cokolado-kakao-sumi

Светската индустрија за чоколади е виновна за катастрофалното уништување на прашумите во западна Африка, каде што шумите се сечат заради производство на какао. Трговците кои им продаваат какао на големите прехрамбени компании, купуваат нелегално одгледувани производи во заштитените области на Брегот на Слоновата коска, каде површините под прашуми се намалени за над 80%, од 1960 година.

Cokolado-kakao

Нелегалното какао во синџирот на снабдување се меша со „чисти“ зрна и така завршува кај купувачот. Над 40% од какаото во светски размери потекнува од оваа земја, пишува Guardian.  Растечката побарувачка за чоколадо, значи дека ако ништо не се преземе до 2030 веќе нема да има шуми во Брегот на Слоновата коска, наведува еколошката организација „Моќна Земја“ (Mighty Earth), која на 13 септември објави истрага за сечењето на шумите за наведените цели.

Cokolado-sumi-

Големите компании  велат дека се свесни за проблемот на дефорестација заради производство на какао, и уверуваат дека се посветени на негово решавање.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top