Претседателот на Индонезија минатиот месец одлучил да се пресели главниот град на државата од островот Јава кој е веќе пренаселен. Оваа земја во југоисточна Азија, е една од најнаселените во светот. Само на островот Јава живеат 140 милиони жители, и тоа е најнаселениот остров на светот. Од друга страна пак, еден извештај од 2018 година покажува дека главниот град Џакарта е во сериозна опасност од порастот на нивото на морето предизвикано од климатските промени, односно брзо тоне. Имено, истражувачите процениле дека на годишно ниво околу 25 cm одредени делови од градот исчезнуваат под вода. Состојбата постојано се влошува, а северниот дел од градот е најсериозно загрозен. Според расположивите модели, се очекува 96% од градот да биде под вода во 2050 година. Како нова локација за метрополата се анализира западниот дел на архипелагот, а трошоците за овој подвиг се проценуваат на 30 милијарди евра. Наведувајќи ги примерите на Бразил и Казахстан, официјалните лица предвидуваат оваа операција да потрае и до 10 години.