Насловна / Вести / Индија започна со изградба на хибридна електрана на обновливи извори на енергија со моќност од 30GW

Индија започна со изградба на хибридна електрана на обновливи извори на енергија со моќност од 30GW

Премиерот на Индија положи камен темелник за системот за производство на електрична енергија чија инсталирана моќност е најголема меѓу постоечките и планирани електрани на светот. Капацитетот на овој хибриден комплекс составен од соларни и ветерни постројки, треба да достигне 30GW. Оваа земја има намера да ја зголеми вкупната моќност за производство на електрична енергија од обновливи извори на 175GW до 2022 година, односно на 450GW заклучно со 2030 година.

india1

Локацијата за новиот хибриден комплекс се простира на површина од 72.800 хектари, што одговара на површината на Сингапур. Во планот за комплексот вклучени се и системи за складирање на електрична енергија. На свечената церемонија по повод почетокот на работите, премиерот изјавил дека се очекува привлекување на инвестиции од 20,4 милијарди УСД и обезбедување на 100.000 нови работни места.

Системот од 30GW ќе биде инсталиран во подрачје за кое властите велат дека е идеално за ваков објект и дека нема никакви пречки во однос на заштитата на животната средина, но еколозите предупредуваат дека мора да се заштити тамошниот единствен пустински екосистем, а особено птиците на тоа подрачје.

india2

 

Испрати коментар

Scroll To Top