Насловна / Вести / Индија воведува станици за замена на батериите наместо станици за полнење

Индија воведува станици за замена на батериите наместо станици за полнење

Со цел да го поттикне развојот на електромобилноста, Индија планира воведување на станици за замена на батериите на електричните возила, наместо станици за полнење. Министерката за финансии најавила дека наскоро ќе биде финализирана политиката на замена на батериите, која во почетокот ќе се однесува на електричните скутери, мотоцикли и рикши.

EVswap2

Како повод за оваа одлука, официјалните лица го истакнуваат брзиот процес на замена на батеријата кој трае помалку од 10 минути, додека полнењето бара половина час до час, во зависност од полначот, но тука е и значителното финансиско олеснување за сопствениците на електричните возила. Имено, со оглед дека батеријата е најскапиот дел од електричното возило, новата политика им овозможува на компаниите да ги понудат преку закуп или претплата, па така поседувањето на вакво возило ќе стане многу подостапно.

EVswap3

Замената на батериите на електричните автомобили е се поприсутна опција во светот на електромобилноста, па така кинеската компанија CATL, најголемиот светски производител на батерии за електрични возила, покренала модуларна услуга за замана на батериите на електричните возила во Кина. Возачите ќе можат да ја заменат батеријата за една минута, а компанијата во почетокот ќе постави станици во десет градови ширум Кина, до кои корисниците ќе можат да пристапат преку апликација. И Норвешка неодамна ја доби првата станица за замена на батерии од кинескиот производител NIO.

EVswap4

Испрати коментар

Scroll To Top