Индија го претстави своето најново средство за борба против загадениот воздух -„анти смог топ“. Градските власти во Њу Делхи се надеваат дека овој изум ќе може да го исчисти воздухот над градот. Уредот испушта вода со голема брзина и на тој начин ги испира загадувачките честички. Тестиран е во источниот дел на Делхи, кој претставува иднустриска зона и има највисоко загадување. Во овој дел од градот редовно се мери концентрација на штетни материи која е за 15 пати повизока од препорачаните од страна на СЗО.
Уредот чија оригинална примена е за намалување на концентрацијата на прашината во рудниците, чини околу 31.000 УСД, има капацитет од 100 литри вода во минута, а се тврди дека може да отстрани 95% од полутантите во воздухот.
Министерот за животна средина на Индија, изјавил дека се работи за тест, кој ако се покаже успешен ќе се применува во пракса. Од организацијата Greenpeace, остро го критикуваат овој потег. Потсетуваат дека ситуацијата во Њу Делхи во однос на загадувањето на воздухот е толку лоша, што може да се споредува со гасна комора.
„Ова дефинитивно не е решение. Ова средство бо можело повремено да се користи на осетливи локации, но решението за загадувањето лежи во контрола на изворите на загадување, а не во прскањето со вода. Одговорните треба да бараат одржливи решенија“ велат од Greenpeace.