Индија планира да направи сопствена вселенска станица до 2035 година и да испрати свој астронаут на Месечината до 2040 година. Ова го најави индискиот премиер Нарндра Моди на состанокот посветен на утврдување на плановите на таа земја за истражување на вселената. Моди рекол дека врз основа на успехот на досегашните индиски вселенски иницијативи, вклучувајќи ја неодамнешната мисија Chandrayaan-3 и Aditya-L1, таа земја сега мора да се стреми кон нови и амбициозни цели. Тој ги поттикнал индиските научници да работат на меѓупланетарни мисии кои би вклучувале орбитер за Венера и ландер за Марс.
Индиската вселенска администрација ја претстави премиерната мисија Gaganyaan со човечки екипаж, која би требало да стартува во 2025 година. На крајот на 2018 година, Моди ја одобрил таа мисија со цел Индија самостојно да испрати екипаж во орбитата. Леталото со човеччки екипаж го развива Индиската организација за истражување на вселената. Уредот има маса од 8,2 тони и проектиран е за тричлен екипаж.