Насловна / Вести / Индија гради најголема соларна и ветерна електрана за 16 милиони домови

Индија гради најголема соларна и ветерна електрана за 16 милиони домови

Во Индија се гради најголемата електрана во светот. Нејзината површина е пет пати поголема од Париз, а видлива е и од вселената. Ќе произведува доволно електрична енергија за напојување на една Швајцарија.

Огромна соларна и ветерна електрана ќе ја претвори неплодната солена пустината на работ на западна Индија во еден од најважните извори на чиста енергија на планетата.

1

„Тоа е толку огромен проект што веќе и не сметаме“, вели Саган Адани, човекот задолжен за изградба на оваа мега централа, во интервју за американскиот CNN.

Сагар Адани е извршен директор на Адани Грин Енерџи Лимитед. Тој е внук на Гаутам Адани, вториот најбогат човек во Азија, чие богатство од 100 милијарди долари доаѓа од Групацијата Адани, најголемиот увозник на јаглен во Индија и водечки рудар на валкано гориво. Оваа компанија, основана во 1988. година, работи во области кои се движат од пристаништа и термоелектрани до медиуми и цемент.

2

Нејзината фирма за чиста енергија сега гради голема соларна и ветерна електрана во западната индиска држава Гуџарат по цена од околу 20 милијарди долари. Тоа ќе биде најголемиот парк за обновлива енергија во светот кога ќе биде завршен за околу пет години. Ќе произведува доволно чиста електрична енергија за напојување на 16 милиони индиски домови.

Успехот на Паркот за обновлива енергија Кхвда е од клучно значење за напорите на Индија да го намали загадувањето и да ги постигне своите климатски цели, истовремено задоволувајќи ги растечките потреби за енергија на најнаселената нација во светот и најбрзо растечката економија.

Јагленот сè уште сочинува 70 отсто од електричната енергија што ја произведува Индија.

3

Електраната е сместена на само 12 милји од една од најопасните граници во светот што ги дели Индија и Пакистан. Паркот ќе се простира на повеќе од 200 квадратни милји и ќе биде најголемата електрана на планетата без оглед на изворот на енергија, соопшти АГЕЛ.

„Толку голем регион, регион кој е ненаселен, нема див свет, нема вегетација, нема жители. Нема подобра алтернатива за користење на тоа земјиште“, вели Адани.

Гаутама Адани планира да инвестира 100 милијарди долари во енергетската транзиција во следната деценија, а 70 отсто од инвестицијата ќе биде наменета за чиста енергија.

Инвестицијата на Адани Група во чиста енергија доаѓа во време кога Индија си постави амбициозни климатски цели. Премиерот Нарендра Моди вети дека обновливите извори како што се соларната енергија и енергијата од ветер ќе задоволат 50 отсто од енергетските потреби на Индија до крајот на оваа деценија.

Испрати коментар

Scroll To Top