Насловна / Вести / Индија го затвори „Таџ Махал“ и други споменици поради корона вирусот

Индија го затвори „Таџ Махал“ и други споменици поради корона вирусот

Индија го затвори „Таџ Махал“ и други споменици поради ширењето на корона вирусот. Овие места ќе бидат затворени до крајот на месецот, соопшти Министерството за култура на оваа земја. Станува збор за вкупно 3.691 споменици и локалитети. Во оваа земја веќе е на сила затворањето на училиштата, трговските центри, базени и редуцирано е користењето на јавниот превоз. Индија има мал број на заболени со оглед на бројот на населението (нешто над 100), но голем број лица се во изолација.

tajmahal1

tajmahal2

Испрати коментар

Scroll To Top