Индија го одобри својот најголем хидроенергетски проект – Dibang Multipurpose Project, кој би требало да се гради во планинското североисточно подрачје кое граничи со Кина. Проектот ќе го развива компанијата National Hydroelectric Power Corporation (NHPC). Проектот за акумулационата хидроцентрала Dibang со инсталирана моќност од 2880 MW (12 x 240 MW) ќе се гради во округот Lower Dibang Valley во Arunachal Pradesh на реката Dibang. Рокот за изграбда е 9 години, а вредноста на инвестицијата е проценета на 3,9 милијарди американски долари.
Проектот има за цел изградба на бетонска брана со височина од 278 m, 6 тунели со должина која варира од 300 m до 600 m, како и подземна погонска зграда. Една од примарните цели на проектот е контрола на поплавите во овој регион. Кога ќе биде изградена браната ќе биде највисока во Индија.