Indian Creek е остров на богатите и славните која се простира на површина од 1,2 километри квадратни во заливот Biscayne во Miami Beach. Поради високата заштита на приватноста и безбедност, но и поради профилот на луѓето кои таму имаат имот, островот го нарекуваат и „бункер на милијардерите“ (Billionaire Bunker). Таму имоти поседуваат финансиски инвеститори, саудиски шеици, руски нафтни магнати, поранешни спортски легенди, како и ѕвезди од шоу бизнисот. Кон ексклузивноста на местото придонесува и фактот што на островот се достапни само 41 имот.
Спектакуларните ддомови вклучуваат теретани, спа зони, пространи вински визби, голф терени, приватни плажи и други луксузи, а просечната цена се движи околу 20 милиони долари. Indian Creek е еден од најбогатите, најбезбедните и најприватните места во САД, а секако меѓу ретките од ваков вид и во светот. Ова не треба да зачудува ако се знае дека единствениот копнен пристап (преку мост) до островот е строго чуван. Покрај тоа, приватно вооружено обезбедување патролира 24 часа дневно.