Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Индекс на перформансите на глобалната енергетска архитектура 2015

Индекс на перформансите на глобалната енергетска архитектура 2015

Energy-top-10
Светскиот економски форум го објави извештајот „Индекс на перформансите на глобалната енергетска архитектура 2015“. Енергетските системи на земјите се оценувани според три критериуми: економски раст и развој, еколошка одржливост и достапност на енергијата и енергетската сигурност. Македонија се најде во долната половина од оваа листа, односно на 83. место. Од земјите во регионот единствено БиХ е полошо пласирана (102), додека Хрватска (21) и Албанија (13) се далеку пред останатите.

Меѓу првите 10 предничат европските развиени економии, а ги предводи Швајцарија која е највисоко оценета според сите три критериуми. На дното од листата е Јемен. Во рангирањето се опфатени 125 земји.

Во извештајот се оценува дека, годината што изминува била исклучително турболентна за енергетскиот сектор во светот и ќе се памети по геополитичките кризи, стагнацијата на светскиот економски раст и сл. Анализата на податоците од индексот покажува дека и покрај значајните напори ширум светот, сепак се заостанува со унапредувањето на енергетската интензивност (потрошувачка на енергија во однос на  БДП), посебно во земјите во развој. Истовремено, преминот на енергија со помала емисија на јаглерод диоксид е бавен и нејзиниот удел во вкупната понуда на енергија е под 10% во повеќе од 1/3 од земјите.

Испрати коментар

Scroll To Top