Светскиот економски форум (World Economic Forum) го објави Извештајот со рангирањето на земјите по однос на т.н „Индекс на перформансите на енергетската инфраструктура“. Овој Индекс се определува според методологија која вклучува три под-индекси: eкономски раст и развој, oдржливост во однос на животната средина и енергетска сигурност и достапност на енергијата. Од сите овие категории утврдени се вкупно 18 индикатори за оценка односно рангирање на перформансите.
Во рангирањето за 2016 година, вклучени се 126 земји. Споредено со истражувањата од претходните години, новост е што сега за првпат се вклучени Куба, Судан и Зимбабве. Поради недостиг на обезбедени податоци оваа година за првпат Сирија и Македонија не се вклучени во рангирањето.
Резултатите покажуваат неприкосновеност на Швајцарија, Норвешка и Шведска кои се рангиирани на првите три места. Од регионот, најдобро се рангирани: Словенија на 15-ото, Албанија на 17-ото и Хрватска на 18-ото место. Србија е 74-та, а Босна и Херцеговина 93-та.
Целосниот извештај е достапен на следниот линк: https://www.weforum.org/reports/global-energy-architecture-performance-index-report-2016