Според Индексот на енергетска одржливост за 2013 година определен од страна на World Energy Council, земјите се рангирани по однос на нивната веројатна способност да обезбедат одржливи енергетски политики, и тоа низ следните три димензии: енергетска сигурност, енергетска еднаквост и одржливоста во однос на животната средина. Притоа, земјите се оценети и со т.н “balance score”, кој претставува оценка за тоа како земјата менаџира со сите овие аспекти.
Најдобрата оценка “A” се добива за највисоки перформанси, а најниската оценка е “D”. Притоа, не помалку важни се и перформансите на опкружувањето, а тоа се: политичката стабилност, социјалната стабилност и економската стабилност. Во продолжение се прикажани првите 10 рангирани земји:
Реден број | Индекс на енергетска одржливост (2013) |
Оценка |
1. | Швајцарија |
AAA |
2. | Данска |
AAA |
3. | Шведска |
AAA |
4. | Австрија |
AAB |
5. | Велика Британија |
AAA |
6. | Канада |
AAB |
7. | Норвешка |
AAB |
8. | Нов Зеланд |
AAB |
9. | Шпанија |
AAA |
10. | Франција |
AAB |
Карактеристично за сите овие земји е дека имаат висок БДП по жител, дека се работи за економии базирани на услуги и дека во енергетскиот микс над 25% учествуваат нискојаглеродни или обновливи извори. Македонија е рангирана на 86. место од 129 рангирани држави.
Извор: World Energy Council