Компанијата „ИНА„ во склоп на својата трансформација веќе започна со изградба на фотонапонски електрани, а сега се свртува и кон производство на водород, кој во моментот е едно од главните решенија за декарбонизација на индустријата и сообраќајот. Компанијата веќе испратила барање до надлежното министерство, за подговка на документација за оценка на влијанието врз животната средина за својата постројка за производство на водород од обновливи извори на енергија. Имено, „зелениот“ водород ќе се произведува со технологијата на електролиза на вода со помош на протонска мембрана (polymer electrolyte membrane electrolyser – PEM EL) со моќност од 10 MW, се истакнува во барањето.
Планираното годишно производство на „зелен“ водород е околу 1.500 тони или 4,5 тони дневно, а наменет ќе биде за сообраќајниот сектор во Хрватска и за сопствена потрошувачка во рафинеријата за нафта во Риека. Инаку, „ИНА“ веќе произведува и користи водород во оваа рафинерија, но станува збор за т.н „сив“ водород кој се добива од природен гас. Водородот ќе биде складиштен на истата локација и тоа на површина од вкупно 2.000 квадратни метри. За потребите на работењето на електролизерот, ќе бидат изградени две фотонапонски електрани, на две одвоени локации. Електраните ќе обезбедат дел од потребната електрична енергија за нивната работа, а остатокот ќе се обезбедува од мрежата. Инаку Хрватска во март годинава има усвооено своја национална Стратегија за водород до 2050 година.