Архитектот и теоретичар на архитектурата Ивица Млаѓеновиќ, почина на 12. февруари во 83-тата година од животот. Роден е 1937 година во Мостар. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград во 1960. година. Беше член на Здружението на ликовните уметници на применета уметност и дизајнери на Србија (ULUPUDS) од 1972. година. Работел со статус на слободен уметник од 1986, а 1988. година добива статус на истакнат уметник. Од 1987. година работи во свое ателје „Студио линија А“.
Американскиот биографски институт (ABI) во 1998. година го вбројува во едицијата „Меѓународен именик на водечки личности“, а Меѓународниот биографски центар во Кембриџ (IBC) во 2002 го сврстува во првото светско издание на книгата „2000 угледни интелектуалци на 21. век“. Во 2004. IBC го предложил за своето издание: The Lifetime of Achievement One Hundred, 2005. година на покана на проф. Д-р Suh Ozkan, генералниот секретар на Наградата за архитектура „Ага Кан“ и висок функционер на Меѓународната унија на архитекти (UIA), во 2008. година е на листата Заслужни членови на Меѓународната заедница на архитекти (World Architecture Community), каде е заедно со 185 угледни светски архитекти.
Во кариерата најголемата преокупација на Млаѓеновиќ, била станбената архитектура, како на полето на проектирање и реализација на станбени објекти, така и концептуално, односно теоретско проучување на хабитологијата. Освоил повеќе награди на архитектонски конкурси во Сплит, Тузла, Нови Сад, Загреб, Белград, Суботица, Мадрид. Реализирал дваесетина станбени згради и 15 ентериера. Од реализирани објекти најмногу се истакнуваат станбена кула во Тузла (1964) и три станбени кули во Нови Сад (1971), куќата „ИМ-20“ на Белградскиот саем (1986). Проектирал два белградски типски киоска и дизајнирал мебел. Во 1991 во Белград реализирал два светски градителски потфати, станбената населба „Светски дом Голф 12“ (World Home Golf 12) и „Светски проект тукушто венчани“(World Project Just Married).
Особено се истакнува истакнува неговиот ангажман за Светскиот дом Голф 12 во Белград (1991-1994), во кој учествувал како иницијатор и селектор, собрал осум архитектонски светски имиња, меѓу кои се нашол и архитектот Александар Ѓокиќ. Идејниот концепт е иснпириран од станбената населба Вајсенхоф, кај Штудгарт во Германија, дело на Мис ван дер Рое и до сега не е надминат во регионот. Објектите се дело на осум архитекти од осум различни земји.
Млаѓеновиќ е еден од најголемите јавни промотори на архитектурата. Тој е идеен творец, автор на концептот, селектор и дизајнер на десет Белгградски триеналиња на светска архитектура. „Белградско триенале на светска архитектура“,успешно го реализира во периодот од 1985. до 2015. година. Триеналето е изложувано ширум светот, во најзначајните градови на четири континенти.
Како теоретичар на архитектурата Ивица Млаѓеновиќ потпишува 23 книжевни изданија, меѓу кои се истакнуваат: „Архитектурата и нејзините приврзаници“, „50 угледни светски архитекти“, „55 истакнати архитекти на Југославија“ (каде се имињата и на наши архитекти како проф. Константиновски, арх. Раѓеновиќ и др.) и „Архитектура на трагата“.
Своето наследство, во вид на проекти, цртежи и публикации, архитектот Ивица Млаѓеновиќ во форма на легат го отстапил на Историскиот архив на Белград.