Јапонскиот архитект Јамамото Мотои стои зад импресивните уметнички инсталации користејќи еден материјал што е доста чест во сите кујни – сол.
Овој талентиран уметник со децении е посветен на трпеливо и деталното производство на подни инсталации – од урагани до цветни ливчиња. Никој не може да остане рамнодушен на неговите инсталации на сол.
Јамамото се одлучи за оваа необична сликарска техника кога доживеа семејна трагедија.
Имено, додека тој бил студент на Факултетот за уметности, неговата сестра починала од агресивен карцином на мозок, на само 24 години.
Во јапонската култура, солта е важна затоа што е поврзана со погребните обреди – се верува дека солта ќе го одврати злото ако луѓето се попрскаат со неа на крајот од погребот.
Во спомен на неговата сестра, Јамамото почнал да создава уметнички инсталации од сол. Неговата основна алатка е шише исполнето со сол, со мал отвор.
Интересно е што, на крајот од секоја изложба, Јамамото инсистира солта да ја вратат во океанот – од каде што дошла.