Словенечкото архитектонско биро SoNo Arhitekti го потпишува проектот на новата семејна куќа, која доминира со својата импресивна големина и облик.
На парцела од речиси 2.000 квадратни метри изградена е куќа од 410 м2 за седумчлено семејство. Бирото SoNo Arhitekti со тимот Едвард Блажко, Марко Волк и Нина Тешановиќ, проектирале куќа со две паралелни ламели кои се поврзани со трета ламела поставена на неа. Сите три ламели завршуваат со кос покрив покриен со темен покривач – со иста боја како што се и фасадните панели.
Со комбинацијата на темна фасада и греди од даб, кои делумно ги покриваат стаклените површини штитејќи ја внатрешноста од прегревање, направен е добар визуелен контраст, кој е во целосна согласност со словенечката рурална средина.
Дрвената облога на фасадите е поставена под агол од 45 степени, додека гредите се поставени вертикално, и тоа на прв поглед со произволни растојанија.
Всушност, така поставените греди ги истакнуваат отворите во куќата.