Познато е дека Кина е земја со огромно културно наследство и специфична атмосфера, и токму од ова се воделе и дизајнерите од студиото X+Living во својот последен проект. Се работи за една убава книжарница во еден трговски центар, која од кога е отворена не престанува да ја воодушевува јавноста.
На прв поглед, веднаш ќе ја забележите нејзината пространост и навистина непрегледната понуда на литературни наслови, но, исто така, и впечатливиот дизајн кој во одредени сегменти носи футуристички елементи.
Дизајнерите со посебно внимание се посветиле на различните уредувања во различните делови од книжарницата, па така децата до нивната област на интерес одат низ симулирана шума од бамбуси, а книгите се наоѓаат на полиците во форма на ветерница или животно.
Книжарницата се простира на неколку катови, и нуди различни зони за читање и одморање, од кои најинтересна е централната, која се наоѓа на повисока површина и нуди поглед на целиот простор.
Еден дел е уреден на таков начин што потсетува на домашна топла атмосфера и е опкружена со ѕидови од тули, додека вториот дел е со чисти линии и бели елементи кои личат на еден вид научно-фантастичен филм.