Изложбата Living for Art ги представува големите дела на познатите уметници, кои Ив Сен Лоран и Жак Дусе ги собирале со децении на едно место, и како таква оваа поставка е авантура за љубителите на визуелната култура.
Како страстни заљубеници во уметноста, двајцата големи француски дизајнери Ив Сен Лоран и Жак Дусе со години собирале уметнички дела, и живееле за нив. Фондацијата „Пјер Берже“ на улица 3 Rue Leonce Reynaud, на јавноста ја презентира страста за уникатни парчиња кои вредно ги собирале дизајнерите.
Кураторот Џером Нетра соопшти дека изложбата се состои од повеќе од 120 оригинални дела од Хуан Миро, Пит Мондријан и Франциско Гоја. Ѕидови декорирани со кубизмот на Пабло Пикасо ја заокружуваат целата оваа прекрасна приказна која треба да се посети, ако се најдете во Париз, и а ако ја сакате уметноста.
Импресивна колекција која тешко може да се заобиколи.