Љубителите на уметноста од целиот свет повторно доаѓаат во Венеција да присуствуваат на познатото биенале. Отворено е пред два дена, а ќе трае до крајот на месец ноември. Меѓу многуте интересни презентации, медиумите и јавноста го забележале делото на италијанскиот уметник Лоренцо Квин.
Се работи за инсталација на големи раце кои посегнуваат по една од венецијанските згради, а поставени се така што изгледаат како да се излезени од водата. Тие се наоѓаат во еден од легендарните градски канали, а претставуваат потенцијално деструктивна сила на природата. Лоренцо Квин е истакнат италијански уметник, познат токму по честото користење на делови од телото во своите дела.
Во моментот нивото на морето во Венеција е 25 сантиметри над референтното нулто ниво. Ако не се случи ништо конкретно во глобалната борба со климатските промени се очекува до 2100 година нивото да достигне покачување на 50 сантиметри, односно неминовни поплави.
Насловот на скулптурата е Support (Поддршка).