Дизајнирани од студиото McDowell+Benedetti, импресивниот салон за мебел, како и канцелариските простори се сместени во атипично долг, но тесен трикатен викторијански индустриски склад на авенијата Rosebery во Лондон. Новото седиште на Brunner UK и овозможило на компанијата да ги прошири своите постоечки простории во светла, спацијална галерија во центарот на дизајнерскиот кварт во Лондон.
Како одговор на барањата на компанијата, студиото McDowell+Benedetti ги интегрирало новите содржини, задржувајќи ги и соголувајќи ги спецификите на индустрискиот објект, вклучувајќи челична конструкција и ѕидна обработка од тула. Ентериерот е обликуван со смирена палета на бои и материјали како монолитната светлосива смола за подна обработка, со цел да се формира театрална и унифицирана заднина за изложениот мебел. Трите ката на објектот се визуелно поврзани преку изведени отвори во меѓукатните конструкции, додека пак директната комуникација е обезбедена со помош на импозантно линеарно скалиште.