Насловна / Архитектура / Импресивен футуристички дом

Импресивен футуристички дом

Flight of birds (16)
Наречен „Flight of birds“, oбјектот е сместен на северниот брег на португалскиот остров São Miguel (св. Михаил) и претставува дело на португалскиот архитект Bernardo Rodrigues.
Flight of birds (5) Flight of birds (6)
Иницијалната дизајн стратегија, инспирирана од локалната променлива и ветровита микроклима, имплементира ѕидна бариера како заштита од ветровите, истовремено формирајќи пацио и покриени атриуми, заштитени од честите дождови. Организацијата и позиционираноста на атриумите овозможува сите дневни и заеднички простори преку застаклената ѕидна површина да се отворат кон зеленото природно опкружување.
Flight of birds (12) Flight of birds (11) Flight of birds (10)
Flight of birds (1)

Flight of birds (7) Flight of birds (2) Flight of birds (17)
Типологијата на проектирање делумно го следи класичниот паладински и скамоци дизајн на централна организација, со двојна висина во дневниот престој и две странични крила, од кои едното ја опслужува кујната.
Flight of birds (14) Flight of birds (8)
При дизајнот на објектот се инкорпорирани високи оџаци како симболичен сегмент на станбената архитектура и покриен внатрешен двор, а второто крило ги опслужува циркулациите низ приземјето и кон кровната тераса, која располага со отворени погледи кон северниот брег на островот.
Flight of birds (3) Flight of birds (9) Flight of birds (4) Flight of birds (19) Flight of birds (18)

Испрати коментар

Scroll To Top