Насловна / Арт и дизајн / „Империјал порцелан“: Легендарниот и ексклузивен руски порцелан (ВИДЕО)

„Империјал порцелан“: Легендарниот и ексклузивен руски порцелан (ВИДЕО)

Импресивните сервиси за ручавање и декоративни предмети на царскиот порцелан од Санкт Петербург ги красат резиденциите на шефовите на држави ширум светот, како и ентериерите на модерните домови каде префинетиот стил и квалитет се на висока цена.

1 (1) 0

Понудата вклучува внимателно одбран избор на сервиси за ручавање, сетови за кафе и чај, вазни, свеќници, прстени за салфетки и други украсни предмети од производителот „Империал порцелан“, чии производи уште од средината на 18. век ги краселе царските палати, а денес резиденциите на претседателите и рафинираните ентериери ширум светот. Производите се достапни на парче, а може да се купат и цели сервиси за чај, кафе и ручавање.

7

Импресивната историја на Царскиот порцелан

Денес, „Империјал порцелан“ се рангира меѓу најважните светски производители на порцелан, како во историска, така и во уметничка смисла, а неговите производи се третираат како „руско културно богатство“ и „своевидно уметничко богатство на земјата“. Бројни предмети од овој реномиран руски производител имаат исклучителна уметничка вредност и се класифицирани како ремек-дела од порцелан. Изложени се во некои од најважните музеи во светот како дел од меѓународното богатство на декоративната и применетата уметност, а неретко се наоѓаат во рацете на колекционери кои за нив се натпреваруваат во престижните аукциски куќи Sotheby’s и Christie’s.

01

Возбудливиот пат на овој префинет руски порцелан од царските трпези до модерните домови започнал во 1744 година, кога по наредба на царицата Елизабета, ќерката на Петар Велики, во Санкт Петербург е основана „Фабрика за царски порцелан“. Таа била првиот производител на порцелан во Русија и трет во цела Европа, а нејзините производи наменетити исклучиво за царското семејство и дворот.

3 (1)

Во текот на речиси 280 години постоење на фабриката, нејзината судбина била нераскинливо поврзана со историјата на Русија, од златното доба на финиот руски порцелан за време на владеењето на Катерина Велика, преку периодот на неокласицизмот, периодот на подеми и падови во текот на владеењето на Романови, за на почетокот на 20. век да стане една од водечките фабрики за порцелан во Европа. За време на советскиот период, фабриката го носела името под кое била позната до 2005 година – Фабрика за порцелан Ломоносов, која изнедрила порцелан со пропаганден и авангарден дизајн.

5 4

Денес, под старото име „Империјален порцелан“, креативниот тим сочинет од врвни уметници, сликари и скулптори продолжува да произведува исклучителни порцелански предмети кои се познати низ целиот свет.

10

Импресивните сервиси за ручавање и декоративните предмети на овој производител ги красат и резиденциите на рускиот претседтел и шефовите на држави ширум светот, како и ентериерите на модерните домови посветени на детали со највисока цена.

Извонредност во квалитетот и дизајнот на царскиот порцелан

„Империјал порцелан“ произведува повеќе од 4.000 производи со различни форми, насликани во различни украсни стилови. Познат е по својот исклучителен квалитет благодарение на порцеланската паста направена од најквалитетни состојки. Оваа порцеланска паста се чува во подруми 10 години пред да се користи во производството. Производите се изработени од тврд и мек порцелан, како и деликатен „bone“ порцелан кој се издвојува по својата белина, леснотија и речиси проѕирна форма кога ќе се поставува наспроти светлина. Овој фин порцелан е сличен по карактеристики на познатиот антички порцелан од Кина.

8

Големо внимание се посветува на декорацијата на царскиот порцелан, кој се слика рачно, над или под глазурата. Модата се менувала низ вековите, но една работа останала безвременска и трајна, а тоа е златото. Симбол на богатство и луксуз, златото отсекогаш било омилен материјал за декорација.

2 (1)

15

Познатата шара „кобалтна мрежа“ ја наследи елеганцијата и префинетоста што се провлекува во уметничкиот страна од историјата на познатиот производител. Шарата настанала во 1949 година, инспириран од мрежестиот модел кој бил насликан на порцеланскиот сервис на Катерина Велика. Модернизираниот дизајн на „кобалт мрежата“ е комбинација од испрекинати сини линии направени од минерален кобалт и деликатни детали од дваесет и два каратно злато.

пп

Производите од бел порцелан со златни детали зрачат со префинета убавина. Тие се познати по хармонична комбинација на различни класични форми, софистицирана декорација и фини материјали. Изработени се од „bone“ порцелан според технологијата развиена во фабриката „Империал порцелан“ пред речиси половина век.

9

Уметничка колекција на Царскиот порцелан нуди уникатни, рачно изработени дела од современи мајстори кои го збогатиле светот на класичниот порцелан со нов пристап во скулптурната и графичката уметност.

11 13 12 14

Испрати коментар

Scroll To Top