Designcrowd, кој функционира како пазар за дигитални и графички проекти, ги поттикна дизајнерите ширум светот да учествуваат во предизвикот да создадат имагинативни пејзажни фотографии од светски познати споменици.
Предизвикот се однесува на преместување на овие споменици од градот каде што се наоѓаат на друго место, а притоа задржувајќи го пејзажот. На фотографиите може да се забележи како статуата на слободата е сместена во Рио де Женеиро, потоа оперската куќа во Сиднеј како е заменета со Римскиот колосеум и слично.