Ерменската графичка дизајнерка и илустратор, Nvard Yerkanian ја обновила советската модернистичка архитектура на Ерменија со низа шарени илустрации, кои ја откриле убавината и вредноста на иконичните градби.
Наречена „Советска модернистичка архитектура во Ерменија“, серијата е континуиран проект и ги истражува архитектонските споменици од 1960-тите и 1970-тите години.
Шарените илустрации ги преиспитуваат уништените згради, напуштените, погодени од времето и условите во недостаток на грижа.
Sevan Writers’ Resort, Architects: Gevorg Kochar and Mikael Mazmanyan – Designed in 1965
„На почетокот на 21 век Ереван почна драстично да се трансформира со високи згради кои растат околу градот, а напуштените модернистички градби се сметаа за бескорисни и дека завземаат скапоцено земјиште“, вели Yerkanian и додава „архитектонската заедница непрекинато протестира и се обидува да ги спаси објектите, но некои се засекогаш изгубени“.
Cinema Rossiya in Yerevan, Architects: Spartak Khachikyan, Hrachik Poghosyan, Artur Tarkhanyan – Designed in 1975
Според Nvard, илустрациите можат да бидат моќна алатка од помош на луѓето и властите да се преиспитаат во однос на овие објекти. Таа објаснува: „Во денешно време постои огромно интересирање за социјалистичката и бруталистичка архитектура, имаме неколку примери ширум Ерменија. Сакав да привлечам внимание за оваа архитектура, бидејќи е подценета и загрозена“.
Youth Palace in Yerevan, Architects: Tarkhanyan, Poghosyan, Khachikyan, Zakaryan – Designed in 1966-70. Demolished in 2010
Таа вели и дека: „Изучувајќи ја архитектурата додека студирав, бев вклучена во различни движења за да ги заштитиме објектите од уништување“. Еден од овие објекти за кој се бореле да го заштитат е и киното на отворено „Москва“, кое го изгубило својот преден дел, а потполно е изменето од некоја грда кафетерија.
„Со група пријатели и архитекти успеавме да ја спасиме зградата со петиција и низа настани, кои ја подигнуваат свеста на јавноста за значењето на модернистичката архитектура во Ерменија“, додава Yerkanian.
Cinema Moscow Open-Air Hall in Yerevan, Architects: Spartak Knteghtsyan, Telman Gevorkyan – Designed in 1966
Yerkanian е ко-основач на просторот AJZ и фестивалот на графички дизајн „WHY“ во Фиренца. Во моментов работи на нова книга за ерменската модернистичка архитектура.
Zvartnots Airport in Yerevan, Architects: M. Khachikyan, A. Tarkhanyan, S. Qalashyan, L. Cherkezyan – Designed in 1961
Youth metro station in Yerevan, Architect: Stepan Kyurkchyan – Designed in 1981
Tigran Petrosian Chess house in Yerevan, Architects: Zhanna Meshcheryakova, Gevorg Aramyan – Designed in 1970
Diving tower in Etchmiadzin, Armenia, Architect: Felix Hakobyan – Designed in 1960s
Central Bus Station in Hrazdan, Architect: Henrik Arakelyan – Designed in 1976-78
Cable car station in Ijevan, Armenia, Architect: Vakhtang Lejava – Designed in late 1980s
Memorial for the 50th anniversary of Soviet Armenia in Dilijan, Tavush Province, Armenia, Architects: A. Tarkhanyan, S. Avetisyan and K. Vatinyan – Built in 1970
Byurakan Observatory after Victor Hambardzumyan, Architect: S. Gurzadyan – Built in 1972
Tsitsernakaberd, The Armenian Genocide memorial complex in Yerevan, Armenia.
Architects: A. Tarkhanyan, S. Kalashyan, Artist: Van Khachatryan – Completed: November 1967.