Компанијата на Илон Маск, SpaceX планира со своите Starlink сателити, со помош на ласерски зраци да обезбеди сите делови на Земјата да имаат интернет со брзина од 100 мегабајти во секунда. Во текот на најновата мисија на лансирање на сателитот Starlink, инженерот на SpaceX, Кејт Тајс открила дека компанијата успешно ги тестирала интерсателитските ласери за пренос нa податоци со брзина поголема од 100 мегабајти во секунда. Овој тест требало да докаже дека нивната мрежа на сателити ќе овозможи испраќање на сигнал на Земјата, со што ќе се обезбеди иста брзина на интернет корисниците без оглед дали тие се наоѓаат на недостапни и непокриени локации. Од компанијата дури најавуваат дека теоретски би можеле да обезбедат три пати поголема брзина од онаа на 5G мрежата во Велика Британија.
Во моментот во Земјината ниска орбоита се наоѓаат 700 сателити Starlink, а се планира лансирање на најмалку уште 11.000 за да се обезбеди покриеност ширум светот. „Со перформансите кои одат далеку над традиционалниот сателитски интернет и глобалната мрежа која нема ограничувања од инфраструктурата ан Земјата, Starlink ќе обезбеди широкопојасен интернет со голема брзина до локации на кои пристапот бил несигурен, скап или целосно недостапен“, се наведува во изјавата на компанијата. SpaceX планира оваа услуга да ја воведе за северниот дел на САД и Канада до крај на оваа година, а во 2021 да постигне и глобална покриеност.