Вчера наутро Илон Маск објави дека сака да го смени логото на Twitter, со зборовите: “Наскоро ќе се збогуваме од брендот Twitter, и постепено од сите птици“. Потоа додал: „Ако во претстојното деноноќие биде објавено доволно добро предлог лого, утре ќе го објавиме ширум светот“. Подоцна, на прашањето дали ќе се менува логото на Twitter, одговорил дека „тоа одамна требало да се направи.“
Под бурниот мандат на Маск, откако го купи Twitter во октомври, компанијата го смени своето деловно име во X Corp, како одраз на визијата на милијардерот за создавање на „супер апликација“ како кинескиот WeChat. Компанијата наиде на широка критика од страна на корисниците и маркетинг професионалците, кога на почетокот на месецов беше најавено дека ќе има ограничување на бројот на твитови кои можат да се читаат на дневна основа. Овие лимити помогнаа во растот на конкурентската услуга Threads во сопственост на компанијата Meta,која мина 100 милиони регистрации во рок од пет дена од стартувањето. Најновата компликација за Twitter е тужбата поднесена минатата недела во која се тврди сека компанијата должи најмалку 500 милиони долари отпремнина на поранешните вработени. Откако го купи Twitter, Маск отпушти повеќе од половина од вработените со цел да ги намали трошоците.