Илон Маск, основачот и извршен директор на компанијата „Тесла“, изјавил дека ќе донира 100 милиони УСД како награда за најдобрата технологија за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид. Маск, кој исто така е и сопственик на компанијата која работи своја вселенска програма – SpaceX, ова свое ветување го сподели преку Twitter, со најава дека подоцна ќе открие повеќе детали. Зафаќањето и складирањето на јаглерод диоксидот е еден од начините за олеснување на енергетската транзиција и овозможување на достигнување на климатските цели. Технологијата првенствено е наменета за зафаќање на CO2 од големите извори, како што се електраните на фосилни горива или индустриските објекти. Складираниот CO2може да се користи за разни намени, или пак трајно да остане под земја. Во моментот еден од најголемите проекти за оваа технологија се развива од страна на норвешката компанија Equinor, а неодамна и се приклучи и Microsoft.