Насловна / Вести / Илон Маск му понуди 5.000 долари на тинејџер за да престане да ги следи неговите летови

Илон Маск му понуди 5.000 долари на тинејџер за да престане да ги следи неговите летови

Милијардерот Илон Маск му понуди на тинејџер од Флорида 5.000 долари да го избрише профилот ElonJet на Твитер кој го следи движењето на неговиот приватен авион, но тоа не било доволно.

На Твитер, ElonJet има над 150.000 следбеници и користи бот развиен од Џек Свини за да ги следи летовите на Маск. Програмот потоа твитува кога и каде полетува или слетува авионот, како и времетраењето на секое патување.

1

Бруцошот следи и други милијардери, вклучувајќи ги Бил Гејтс и Џеф Безос, околу десетина.

На 30. ноември, Маск испратил барање до студентот. „Можете ли да го тргнеш ова?“, го прашал Маск Свини. „Тоа е безбедносен ризик“.

3

Челникот на Tesla и SpaceX му понудил на тинејџерот 5.000 долари за да ги спречи „лудаците“ да ги следат неговите летови. „Не ми се допаѓа идејата да ме убие лудак“, изјави Маск.

Свини возврати барајќи 50.000 долари, велејќи дека може да ги искористи парите за колеџ, а можеби и за Tesla Model 3.

Последната размена на пораки беше во средата, на 19. јануари, кога Маск рече дека не е во ред да се „плаќа за да се затвори ова“.

4

Свини рече дека е обожавател на SpaceX од првото лансирање на Falcon Heavy во 2018. Неговиот татко работи за воздухопловната индустрија, што го поттикнало неговиот интерес за авијација.

„5.000 не се доволни за она што јас добивам од тоа“, рече Свини. „Тоа не заменува ништо, како факторот уживање“.

Свини на Маск му понуди неколку технички совети, вклучително и програма за блокирање на следењето на летовите.

„Изгледа дека го послуша тој совет“, рече Свини, додавајќи дека му се чини дека Маск моментално користи програма за блокирање.

Може ли Свини сè уште да ги следи летовите на Маск и покрај програмата за блокада? „Можам, само е потешко“, изјави тој.

2

Испрати коментар

Scroll To Top