Компанијата Space X ќе ја гради својата нова фабрика во Тексас, наменета за сателитската широкопојасна услуга Starlink. Ова се заклучува врз основа на објавениот оглас за нови работни места за инженери, токму за овој нов погон. На Twitter, ексцентричниот бизнисмен ја објави идејата за создавање на град – Starbase во Тексас, без притоа да открие било какви детали.Во огласнот за новите работни места се наведува дека се отвора „нов, модерен“ производен погон во Остин, со цел да се биде во чекор со глобалната побарувачка.
Starlink планира мрежа од десетици илјади сателити во ниската орбита на Земјата, кои би овозможувале глобално брз интернет. Претходно Маск изјавил дека Starlink проектот ќе биде неговиот главен извор на финансирање на останатите негови амбициозни и скапи проекти, како што е на пример развојот на ракетата Starship за патнички летови на Марс и евентуална колонизација на оваа планета.