Француската влада објави дека ќе поплочи илјада километри пат со издржливи, фотонапонски панели кои ќе овозможат соларна енергија за пет милиони луѓе ширум земјата.
Проектот ќе биде завршен за пет години, а е соработка меѓу Француски патишта, компанијата за инфраструктурни решенија Colas и Националниот институт за соларна енергија.
Ова ќе биде првпат да се инсталираат соларни панели на патишта во толкава мера, а целта ќе биде да се овозможи обновлива енергија за 8% од француското население. Самите панели се технолошки супериорни, со дебелина од 7 милиметри и дожина од 15 сантиметри, а се изработени од тенок филм на поликристален силикон.
Нивната издржлива структура ќе значи дека врз нив без проблем ќе можат да се движат возила од секаков вид, без притоа да се направи каква било штета. Панелите се водоотпорни и лесно се адаптираат на температурни промени. Бидејќи лесно можат да се постават врз веќе постоечките патишта, инфраструктурата нема да трпи промени, што значи ќе има и помалку трошоци.
Тестовите покажале дека патентираниот дизајн на панелите трае колку и обично поплочување, отприлика 10 години. На места каде што нема голема фреквенција на возила, ќе издржат и до 20 години.
Доволно се 4,5 метри од овие панели на патот за да се обезбеди електрична енергија за едно домаќинство, без греење.